Поранешниот вицепремиер за привлекување на странски инвеситции, Глигор Ташковиќ во владата на Никола Груевски, на 28. ноември лани бил назначен за член на Комитетот при Фондот за иновации и технолошки развој. Тој уште во јануари на неговиот фејсбук профил објави слика од него и неговиот поранешен тим кој го имал како вицепремиер, седнати во еден скопски ресторан.
Од Владата велат дека во октомври, минатата година, распишале оглас на сајтот на светско реномираното списание „Д Економист“, и освен Ташковиќ, биле избрани уште четири членови на овој Комитет. Како претседател бил избран Кларис Бехар Молад, а останати членови се Дон Левис, Никос Георгоулас и Авинаш Сахи.
Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, вели дека изборот бил извршен согласно Законот за иновациска дејност.
извор: Слободен печат