Тарифникот на извршителите останува во сила

348

Тарифникот на извршителите останува во сила. Уставните судии одлучија да не поведат постапка по претставката за оценување на неговата уставност. Спорно за физичкото лице кое ја поднело иницијативата бил начинот на кој бил донесен тарифникот. За судот пак не се основани наводите дека членовите од законот се против уставни.

„Оспорениот правен акт за кој се вели дека бил без прибавено мислење од комората на извршители е неодсновано од причина што мислњето прибавено од комората на извршители на Република Македонија е доставено до уставниот суд како доказ. Со ова се утврди дека во фаза на изготвување на оспорениот акт било прибавено мислење од комората на извршители како што предвидува законот“, велат од Уставен.

Уставниот суд минатата година укина неколку одредби од законот за извршување кои се однесуваа на вонсудската наплата. Во меѓувреме, граѓаните постојано се жалат на висоите суми што ги плаќаат за извршителите, дури и кога сметките им се блокираат за мали суми.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...