Таравари: Чекаме понуда од Заев за можен влез во Влада

114

Арбен Таравари не исклучува влез на Алијансата на Албанците во Владата на Заев, но тоа зависи од тоа дали ќе добијат понуда. Тој денес присуствуваше на конгерсот на едното крило на Беса, предводено од Биљал Касами, а вели дека би соработувале со двете крила, но и со македонските партии.

– Алијанса на Албанците е првата опозициска и најголема албанска политичка партија. Ние разговараме со сите пратеници и пратенички групи. Немаме конкретна понуда. Ако има понуда од Заев, за влез во Владата, партијата ќе ја разгледа – вели Таравари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...