Претседателот на САД, Доналд Трамп неколкупати пројавувал интерес да се купи Гренланд од Данска „со различен степен на сериозност“, објави Волстрит џурнал.
Весникот се повикува на неименувани извори и поранешни лица од Белата куќа.
Имено, претседателот на САД барал од своите советници „да разгледаат идеја“ за купување на најголемиот остров на Земјата. Трамп пројавил интерес за Гренланд заради природните ресурси и геополитичкото значење. Во образложение до советниците, Трамп укажал дека Данска има финансиски потешкотии поради тоа што во состав на кралството влегува огромна автономна територија.
Во следниот месец Трамп ќе ја посети Данска.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS