Алаина Гаслер, 14-годишно девојче од Вест Гроув, Пенсилванија, успеа да го реши проблемот со кој се соочуваат многу возачи на автомобили – мртвиот агол.
Tинејџерката победила во финалето со нејзиниот проект „Подобрување на безбедноста во автомобилот со отстранување на мртвиот агол“ што во основа се фокусира на елиминирање на мртвиот агол предизвикан од столбот за потпирање на покривот што се наоѓа на десната страна од шофершајбната на совозачот.
Гаслер со овој проект ја освоила наградата вредна 25.000 долари на локалниот натпревар по математика, применети науки, технологија и инженерство.
Таа се решила токму за овој мртов агол, бидејќи столбот на семејниот автомобил е многу широк, па ѝ се блокирал погледот на нејзината мајка кога вози.
За да покажува работи што возачот не може да ги види, овој систем што го пронашла Алаина, користи камера поставена на предниот дел од прозорецот од совозачката страна . Камерата ја пренесува снимката со помош на проектор поставен над главата на возачот. Девојчето притоа користи посебен материјал што ја одбива светлината на проекторот, па снимката ја гледа само возачот, додека тоа не му пречи на совозачот.
ФОТО Принтскрин