Tинејџери од Отља со уцена на социјална мрежа зеле 6.000 евра од девојка

1073

Секторот за внатрешни работи  Куманово поднесе кривична пријава против двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од село Отља, кумановско, и против уште еден 16-годишен малолетник од село Слупчане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, во врска со кривично дело „соучесништво“.

Во периодот од јули до септември годинава пријавените преку комуникација на социјална мрежа со  закана дека ќе објават фотографии со невистинита содржина, оштетената ја принудиле да им даде поголема сума на парични средства, со што се стекнале со противправна имотна корист од 360.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...