Tимот на ДЗС и лабрадорoт Клеа трагаат по преживеани во земјотресот во Албанија

141

Припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување и полицискиот лабрадор трагач Клеа се ангажирани во Драч во потрага по преживеани во урнатините во земјотресот.

– Двесет и четиричасовна работа, непрекинати акции за пребарување и спасување на исчезнати, неуморни припадниците на тимот на ДЗС и МВР заедно со лабрадорот трагач Клеа – велат од ДЗС.

Според последните информации од терен, бројот на загинати во земјотресот во Албанија се искачи над 40, а над 700 се повредени.

Освен тимот од 42 припадника од ДЗС во Албанија на помош се испратени и четвроица скопски пожарникари со двајца експерти од Град Скопје опремени со дронови со термални камери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...