Судот во Куманово ќе ја изрече пресудата за случајот со Алмир

356

Кумановскиот суд денеска треба да ја изрече пресудата за случајот со смртта на четиригодишниот Алмир Алиу кој беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016.

Обвинетиот Бобан Илиќ најпрво се товареше за убиство, но на завршните зборови обвинителството го преквалификуваше делото во сообраќајна несреќа со смртни последици, откако кривичното дело.

Овој случај покрена лавина реакции во јавноста и јавнообвинителската фела, се организираа и протести пред Владата, а министерот за правда Билен Саљији пред две недели си поднесе и оставка.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека ако обвинителството останело на обвинението дека станува збор за убиство, Илиќ ќе добиел ослободителна пресуда бидејќи немало докази за ова дело.

Тој на минатото рочиште се изјасни дека не се чувствува виновен, а неговиот адвокат побара ослободителна пресуда бидејќи, ако што рече, Илиќ има бегал од напад и имал право да се брани.

Покрај него, во овој случај за насилство обвинети се и таткото на Алмир, Седат Алиу, и две други лица, Сами Демири и Абдула Алиу бидејќи критичната вечер го нападнале по Илиќ во кумановската болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...