Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за предметот „Шпион“ на Специјалното јавно обвинителство.
Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на докази од предметот, кои биле на разгледување во друг суд, на еден од обвинетите и двајца адвокати.
Инаку, предметот „Шпион“ сега го застапува Специјалното јавно обвинителство, откако го презеде од редовното обвинителство.
Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд.
Во случајот „Шпион“ кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје.
Овој предмет со новиот распоред му е доделен на судијата Владимир Туфеѓиќ.