Струмичанец со копач во раце синоќа околу 18 часот го демолирал казиното „Сенатор“ во центарот на Струмица.
Тој искрил 45 слот апарати и рулет машини.
Инцидентот го потврдија и од СВР Струмица, од каде соопштија дека лицето А.В. е лишено од слобода и е задржано во струмичката полициска станица.