Стотина граѓани учествуваа на хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

142

Над стотина лица се приклучија на хуманитарната трка за деца со Даунов синдром, што денеска по трет пат се одржа во Градскиот парк во Скопје, во организација на Мечувалечки клуб Ескрим.

Организаторот на трката Билјана Кузмановска, им порача на децата кои трчаа со сите дека „ова се нашите витези, ова се нашите шампиони“.

Поддршката за децата која ја добија денеска е незаборавна и порачаа дека очекуваат следната година трката да порасне уште повеќе затоа што, како што велат, настаните од ваков карактер им се многу значајни за тоа како се чувствуваат и како со самодоверба ќе се водат во иднина.

Со поддршка од лицата и компаниите кои се вклучија во трката собрани се доволно средства за аудио опрема за првиот дневен центар за лица со Даунов синдром.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...