Стопирана изградба на два објекта на Ѕинго во Карпош

Тој објасни дека одобрението за градба мора да биде стопирано затоа што се води предистражна постапка за таа локација.

2777

Општина Карпош донесе одлука за времен прекин на постапката за издавање на одобрение за градба за локација во населбата Тафталиџе 1. Станува збор за објектот на стариот дом на култура кој се наоѓа во непосредна близана на ОУ „Јан Амос Коменски“.

Како што објаснија општинските власти, сопственик на овој простор е Социјалистичка партија на Македонија која се јавува и како инвеститор заедно со фирмата „Гренадер ДООЕЛ Скопје“. На овој простор, според ДУП-от донесен на Бадник 2016 година, е предвидено да се гради станбен објект со седум ката со висина од 21,7 метри и лепенка хотел приземје и пет ката.

Пред промена на Деталниот план, тука требало да се гради објект со намена култура, со вкупна висина од 12 метри. За оваа парцела инвеститорот веќе уплатил комуналии, но Јавното обвинителство почнало предистражна постапка и побарало од општината да му ја достави комплетната документација.

– Конечно, денеска Општината ја донела одлуката за запирање на одобрението за градба, согласно член 95 од Законот за општа управна постапка – рече градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Тој објасни дека одобрението за градба мора да биде стопирано затоа што се води предистражна постапка за таа локација. Богоев рече дека нема никакви информации околу тоа што точно испитува ЈО.

Општина Карпош на 22.02.2018 доставила барање до инвеститоритите и побарале жиро сметка за да им ги вратат парите за уплатените комуналии, но инвеститорот не се согласил со тоа, туку барал да продолжи постапката за издавање на одобрение за градење.

Анета Стојковска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...