Стопанска комора организира самит за новите трендови во бизнисот

189

Иновативноста во дигиталните технологии ќе биде тема на  „Самит на малите земји – нови трендови во бизнисот“ кој ќе се одржи на 16 март во организација на Стопанската комора.

Опстанокот на бизнисите во ера на зголемена конкуренција, пропратена со високо технолошка автоматизација на процесите истовремено претставува можност и закана за нивната иднина, а правецот на движење во голема мера зависи од нашата расположливост за следење на светските трендови. Да се биде во чекор со технологијата, во услови на динамично опкружување е повеќе од потребно. Следењето на технолошките иновации и инвестирањето во истите овозможуваат намалување на трошоците и во голем дел влијаат и на зголемувањето на растот пазарниот удел на компанијата.

Комуникацијата со клиентите како сензитивно прашање ни наложува постојано следење на нивните потреби и барања од една страна, со цел да се изгради позитивна релација и доверба за да се постигне договор, профит и да се стекнат лојални клиенти. Сите овие фактори делуваат особено позитивно кон компаниите кои потекнуваат од мали земји, правејќи ги најголеми „профитери“ од ерата на глобализацијата.

Оттаму Стопанската комора на Македонија како најбројна бизнис асоцијација, во рамки на своите стратешки цели, на 16 март 2018 година организира Сами на малите земји – нови трендови на бизнисот  чија цел е презентирање на најактуелните предизвици со кои се соочуваат бизнисите во XXI век.

Дел од темите кои пред учесниците ќе бидат презентирани се и: blockchain технологија за која многумина веруваат дека ќе биде крвотокот на финансиската индустрија, која верувале или не и покрај поврзаноста со криптовалутите за експертите претставува концепт кој допрва ќе се имплементира во финансискиот сектор; регулативата за „crowdfunding“ моделите на алтернативно финансирање на бизнисите, практика која зазема се поголем замав и примена при финансирање на проекти, преку финансиски донации од поголем број луѓе со помош на информатичките технологии; роботика и автоматизација – технологии чија примена е возможна во секој сектор и за кои  Меѓународната федерација на роботика во своите истражувања истакнува дека до 2020 година очекува нивната побарувачка да се зголеми за 21 отсто; и етичката страна на дигиталниот бизнис.

За компарација со земјите од Балканот, кои по сите критериуми се дефинираат за мали земји, со исклучок на Република Турција, Балтичките земји кои исто така поминаа низ транзиција се успешен пример за фактот дека со дигитализацијата можат да се носат и малите земји.

Лидер во примената на технологиите е Естонија во која воведувајќи е-државјанство ги отвори вратите на својот пазар и овозможи отварање компании со само еден клик, без физичка присутност во државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...