Стинг, Кајли Миног и Том Џонс ќе пеат на роденденот на кралицата

559
ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Кралицата Елизабета Втора на 21 април го прославува својот 92-ри роденден, а во таа чест Би-би-си приредува епска концертна забава.

Меѓу ѕвездите што ќе бидат специјални гости на прославата се Стинг, Шеги, Кајли Миног, Шон Мендес, Крег Дејвид, сер Том Џонс, Ен Мери и хорската група од Јужна Африка „Лејдисмит Блек мамбазо“.

Најдобриот дел, пишува магазинот „Тајм“, е дека концертот, што ќе се пренесува на Би-би-си во Британија, е отворен за гости што ќе дојдат до билети за настанот во Ројал Алберт хол. Најевтиниот чини 32 долари.

– Само затоа што кралицата навршува 92 години, не значи дека скромно ќе прослави. Роденденската забава на Елизабета Втора ќе биде многу полежерна од вашата – коментира „Тајм“.

ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...