ССМ бара да се расчисти случајот со напад на полицајка

170

Секцијата на жени при Сојузот на синдикати на Македонија очекува да се расчисти случајот со полицајката која беше нападната од висок функционер на ДУИ.

Претседателката на Секцијата на жени при ССМ, Елизабета Гелевска рече дека ова треба да се направи за да се зачува достоинството и на професијата и на жената.

– Впрочем и Полицискиот синдикат кој  е членка во ССМ издаде своја наредба да се испита случајот со цел да се зачувуа достоинството и на професијата и на жената која на работното место си ја вршела својата работа – изјави Гелевска пред почетокот на Конференцијата за поддршка на кампањата  „Спречување на насилство врз жените и мажите во светот на трудот

Секцијата на жени и ССМ се вклучуваат  во кампањата на Меѓународната конфедерација на синдикати за спречување на насилството врз жените и мажите во светот на трудот.

Целта на кампањата е да се издејствува усвојување на конвенцијата на Меѓународна организација на трудот (МОТ) со препорака за спречување на насилството врз мажите и жените во светот на трудот и да се мобилизираат синдикалните активности за елиминирање на родовото насилство на работните места.

– Години наназад, синдикатите бараа една ваква препорака, бидејќи сведоци сме дека во светот неможе да постои достоинствен труд доколку постои насилство на работното место. И денес често сме сведоци како во светот, така и во нашата држава дека работниците трпат некаков вид на насилство, но досега не постои некој стандард или закон којшто ќе претставува добра основа за насочување на ваквата конвенција – рече Елизабета Гелевска.

ССМ, како што рече Гелевска, ќе лобира кај Владата и Организацијата на работодавачи да го поддржат усвојувањето на конвенцијата на МОТ со препораката за спречување на насилството врз мажите и жените во светот на трудот.

Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека во светот 35 отсто од жените или 818 милиони жени над 15 години доживеале сексуално или физичко насилство дома, во нивните заедници или на работното место, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Дел од истражувањата направени на глобално ниво од страна на меѓународни организации, покажуваат дека жените кои работат како домашни работнички во приватни домаќинства често се изложени на ризик од психолошко, физичко и сексуално вонземирување и малтретирање, а медицинските сестри во просек се трипати почесто изложени на насилство на работното место од другите професии. Дури половина од медиумските работнички биле вознемирувани на работно место, а три четвртини заплашување, закани или злоупотреби на нивните работни места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...