Србите излегуваат од Владата на Косово, Ѓуриќ депортиран

736

Српската листа ќе излезе од косовската Влада одлучи раководството по вчерашниот инцидент кога во Косовска Митровица беше уапсен главниот преговарач на Србија во разговорите со Косово, Марко Ѓуриќ.

Одлуката Српската листа денеска ќе му ја соопшти и на српскиот претседател Алексар Вучиќ.

Ѓуриќ синоќа беше депортиран во Србија, а косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека апсењето не треба да влијае на односите меѓу Белград и Приштина.

– Тој случај не треба да ја нарушува комуникацијата меѓу Косово и Србија, напорите за нормализација и помирувањето меѓу Косово и Србија – нагласи Тачи.

За случајот вчера се огласи и портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич која изјави дека ЕУ остро ги осудува овие случувања во Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...