Србија: Први казни поради невакцинирање деца

Казнети се 15 родители, и тоа во три случаи казната е 10.000 динари (75 евра), четири родители се казнети 15.000 динари (125 евра), а во осум случаи - 30.000 динари (250 евра). 

435

Суд во Белград изрече 55 пресуди за родители кои не ги вакцинирале своите деца и тоа во 15 случаи изречена е парична казна, додека за 40 родители изречена е опомена наместо парична казна.

Претседателот на Судот за прекршоци во Белград Милан Мариновиќ вели дека од почетокот на примена на Законот за заштита на населението од заразни болести до денеска до тој суд пристигнале 508 барања за покренување на прекршочна постапка против родители кои не ги вакцинирале децата.

Маринковиќ информираше дека се казнети 15 родители, и тоа во три случаи казната е 10.000 динари (75 евра), четири родители се казнети 15.000 динари (125 евра), а во осум случаи – 30.000 динари (250 евра).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...