Споменик на биткоинот во Крањ

Кружната метална скулптура со буквата Б е тешка три тони и има пречник од седум метри. Поставена е на новиот кружен тек во Крањ.

348

Во словенечкиот град Крањ денеска ќе биде откриен споменик посветен на криптовалутата биткоин.

Кружната метална скулптура со буквата Б е тешка три тони и има пречник од седум метри. Поставена е на новиот кружен тек во Крањ.

– На нашата Фејсбук страница ги замоливме граѓаните да одлучат што да поставиме на новиот кружен тек и ова беше еден од првите предлози што ги добивме… Крањ има многу компании коишто се занимаваат со висока технологија – изјави градоначалникот Бостјан Трилар.

Изработката на споменикот ја платиле две локални фирми кои и самите користат криптовалути.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...