Спејс-Икс лансираше сателит тежок шест тони (ВИДЕО)

Станува збор за најголемиот геостационарен сателит, кој кога било е поставен во Земјината Орбита од страна на Спејс-Икс.

169

Американската компанија Спејс-Икс со помош на ракета-носач „Фалкон-9″ успешно го лансираше шпанскиот телекомуникациски сателит „Hispasat 30W-6″ со маса од шест тони.

Станува збор за најголемиот геостационарен сателит, кој кога било е поставен во Земјината Орбита од страна на Спејс-Икс. Тој ќе служи за телекомуникациски врски во земји од Европа, Северна Африка, Северна и Јужна Америка.

Вселенскиот објект е произведен во американската компанија Ес-ес-ел, по нарачка на шпанскиот телефонски оператор Хиспасат.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...