Спасовски во Доха: Интензивирање на безбедносната соработка со Катар

116

Интензивирање и унапредување на соработката во областа на безбедноста, борбата против тероризмот, борбата против организираниот транснационален криминал, технолошката и техничката соработка биле тема на денешната средба во Доха на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со неговото височество Шеик Абдулах Бин Насер Бин Халифа Ал-Тани, премиер и министер за внатрешни работи на Државата Катар.

– Потврдувајќи ги своите заложби за идна соработка, на оваа средба беше потпишано и Писмо за намера за безбедносна соработка помеѓу македонското и катарското МВР. Со Писмото за намера ќе им се овозможи на нашите кадри преку обуки и размена на искуства во различни области да се запознаат со системот за внатрешна безбедност на Државата Катар кој функионира на високо професионално ниво – се вели во соопштението од МВР.

Од Министерството посочуваат дека ова Писмо за намери ќе помогне во зголемување на безбедносната соработка, особено, како што велат, поради тоа што по отворањето на директната авионска линија Скопје-Доха е зголемен бројот на лица кои се движат од и во Македонија и Катар, но и имајќи ги предвид во глобалните безбедносни ризици и предизвици.

За време на престојот, министерот Спасовски и соработниците ќе ги посетат и Националниот команден центар, Одделот за криминалистички истраги, Центарот за борба против трговија со дрога на Советот за соработка на земјите од Заливот, Националниот комитет за борба против тероризам, и ќе бидат остварени средби со нивните раководители.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...