Ѓорѓи Спасов, политички аналитичар на својот фејсбук профил го коментира ставот на претседателот на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски, кој на Фејсбук прокоментира дека со билателарните разговори со Грција влегуваме во голема дипломатска замка и затоа треба што поскоро да му се вратиме на Нимиц.
Еве што како го коментира Спасов мислењето на Георгиевски:
„Љупчо Георгиевски не кажува кој ја оспорува улогата на Нимиц. Не чита дека билатералните средби и разговори се само подготовка за продолжување на разговорите под покровителство на Нимиц. Не гледа дека тоа е фаза во разговорите и обид за зголемување на меѓусебната доверба на страните вклучени во преговорите со посредство на Нимиц. Нимиц и натаму ги води преговорите и е единствено надлежен за давање на предлози кои ќе одат пред Советот за безбедност ако се постигне согласноста на двете страни.
Не треба да се плашиме од директни средби и разговори меѓу претставниците на Македонија и Грција. Во овој вид разговори не се разговара ниту за продажба на „Окта“ ниту се заклучуваат тајни зделки за големи бизниси. Затоа мислам дека со тие директни разговори не само што не се влегува во некаква дипломатска замка туку се излегува од замката на стравот двете најзаинтересирани страни да разговараат отворено за сопствените стравови и ставови“.
(Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов)