Сослушан првиот сведок за набавката на тоа на „М“

Сведокот побара јавноста да биде исклучена од рочиштето зашто, како што рече, работел во Агенцијата за разузнавање и оти може да открие државна тајна, но судијката Добрила Кацарска го одби предлогот.

376

Во Кривичниот суд на денешното рочиште за предметот на СЈО „Тенк“ сведочеше вработен во Агенцијата за разузнавање, кој во 2012 година бил државен советник за управување со човечки ресурси во кабинетот на министерот за внатрешни работи.

Тој побара јавноста да биде исклучена од рочиштето зашто, како што рече, работел во Агенцијата за разузнавање и оти може да открие државна тајна, но судијката Добрила Кацарска го одби предлогот.

Обвинителите на СЈО се спротивставија на тоа барање, бидејќи како што рече Гаврил Бубевски од СЈО, не планираат да поставуваат прашања што се однесуваат на безбедноста на државата.

Сведокот рече дека бил член на Комисијата за јавни набавки, која одлучувала за набавката на „мерцедесот“. Тој истакна дека Комисијата утврдила оти понудата е во согласност со спецификацијата и оти стигнала само една понуда што ги содржи сите елементи.
На денешното рочиште треба да сведочат пет сведоци предложени од Специјалното јавно обвинителство.

Во случајот „Тенк“ за злоупотреба на службената должност обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600.000 евра.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката Јанкулоска да спроведе јавна набавка во која МВР ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...