Сенка Наумовска, директорката на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и ректорот на Универзитетот Aмерикан Колеџ, проф. д-р Марјан Бојаџиев денеска потпишаа Меморандум за разбирање и соработка.
„Со овој Меморандум почнува соработка меѓу овие две институции со цел изведување практична настава за студентите од Универзитетот Американ Колеџ, како и обука, продлабочување на знаењата, размена на наставен и стручен кадар, како и размена на информации и искуства за истражувања, научни собири, развојни и други проекти од заеднички интерес, заедничко користење на електронски бази како ЕБСКО“, соопшти НУБ „Св. Климент Охридски“.
Директорката и ректорот искажале подготвеност за размена на наставници, соработници и други стручни лица во вршењето на наставно-образовниот процес на додипломските и постдипломските студии на Универзитетот, како и вклучување на Американ Колеџ во кооперативниот библиографски систем КОБИСС.