Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип-Велес, што се случила околу 14 часот.
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека несреќата се случила помеѓу автобус со велешки регистарски таблички и автомобил марка „шкода“ со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивни правци.
Во несреќата на лице место животот го загубил возачот во автомобилот „шкода“, чиј идентитет се уште не е утврден.
Сообраќајот од Штип кон Велес се одвива по една коловозна лента, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Поради сообраќајна незгода на магистрален пат Штип-Велес, кај раскрсницата за село Црнилиште, сообраќајот на патниот правец Велес-Штип од 14:15 часот беше во целосен прекин.