Сојузот на математичари на Македонија (СММ) од годинава се вклулува во организација на Меѓународната олимпијада по финансиска математика. Овој натрпевар е уште еден во низата на големиот број на меѓународни натпревари кои ги организира овој Сојуз.
Како што информираат од СММ, оваа Меѓународна олимпијада има за цел да се зголеми финансиската писменост, како и да се укаже на важноста на математичките алатки при донесување на разумни финансиски одлуки, како професионални, така и секојдневни. На исгата се разработуваате следните теми: динамиката на цените и инфлацијата; кредити и услови за нивна отплата; движење на средства и плаќања; инвестиции; осигурување; депозити и операции со депозити; динамика на процентуална стапка.
Право на учество имаа сите средношколци од Република Македонија. Сите заинтересирани повеќе информации може да најдат на страната на СММ, www.smm.com.mk.