Собранието на Република Македонија ја почна денешната работа со 38. седница и Предлог-законот за изменување и дополнување на семенскиот и саден материјал, во прво читање.
На седницата не се присутни пратениците од опозицијата. Нивното враќање се очекува од седницата на која ќе биде закажано гласање на недоверба на Владата. Поднесувањето на интерпелација го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по одуката за нивно враќање на собраниските седници.
Во Собранието за денеска се закажани уште три седници, на чиј дневен ред се точки од различни сфери.