Собир за поддршка на протераниот руски дипломат

458

Пред Амбасадата на Руската Федерација попладнево се одржа собир во организација на партијата Единствена Македонија, за поддршка на протераниот руски дипломат.

Пред групата граѓани се обрати Јанко Бачев лидерот на Единствена Македонија, кој на рускиот амбасадор Олег Шчербак, кој излезе пред Амбасадата, му кажа дека македонскиот народ не сака во ЕУ и НАТО, туку дека сака да влезе во Евроазиската унија со Русија.

Амбасадорот Шчербак изрази благодорност за поддршката. Тој го повтори ставот дека Македонија избрзала со одлуката за протерувањето на рускиот дипломат повикувајќи се на, како што рече, лажното чувство на солидарност кон Велика Британија.

Фото: Макфакс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...