Со „калашникови“ го ограбиле казиното „Астра“ на Партизанска кај „Букурешт“

Две лица облечени во бели алишта со фантомки на главите и со „калашникови“ го извршиле грабежот - еддниот од напаѓачите испукал два куршуми во плафонот на казиното.

2329

Тешка кражба во казиното „Астра“ на Партизанска, во близина на крстосницата помеѓу трговскиот центар Лептокарија и поликлиниката „Букурешт“, е извршена вечерва околу 22.00 часот, извести порталот Курир.

Полицијата го потврдила случајот. Според првичните информации, во казиното влегле две лица облечени во бели алишта со фантомки на главите и со „калашникови“. Едниот од напаѓачите испукал два куршуми во плафонот на казиното.

Нападот траел молскавично. Откако ги зеле парите, ограбувачите влегле во возило кое ги чекало и избегале во непознат правец.

Не е соопштено колку пари се ограбени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...