Со фото „замка“ фотографирани мажјак и женка балкански рис

1695

Кај селото Жировница со фото „замка“ фотографирани се две различни единки од балканскиот рис, информираат ренџерите и членовите на Македонското еколошко друштво.


„Петтата интензивна сесија со фото замки во Националниот парк Маврово започна на 15 февруари оваа година. Ренџерите во паркот заедно со членовите на Македонското еколошко друштво за четири дена успешно поставија 60 фото замки на 30 различни локации во паркот. „Замките“ ќе бидат активни 2 месеци, а контрола на истите ќе биде вршена според претходно утврдена динамика“, стои во информацијата.

Од таму додаваат дека по првата проверка на фото замките близу селото Жировница успеале да фотографираат две различни единки од балканскиот рис. Според нив, станува збор за возрасни мажјак и женка, бидејќи периодот на парење на рисот е во полн ек и единките се сликани и претходната сесија во 2015 година.

Фото: НП Маврово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...