Најмалку шест луѓе загинаа во уривањето на новиот пешачки мост над автопатот во Мајами, соопшти денес полицијата на американскиот град. Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави снимка од моментот кога се урнал мостот.
Десет лица се хоспитализирани, им соопшти на новинарите портпаролот на полицијата Алваро Забалета. Операцијата во моментот се фокусирана на извлекување на телата, додека „на мостот во целост“ му се заканува уривање.
Мостот од 950 тони, довршен во саботата, кој сѐ уште не беше отворен за јавноста, требаше да биде отворен во 2019 за поврзување на меѓународниот универзитет на Флорида со студентските кампуси во градот Свитвотер, од другата страна на автопатот.
Најмалку осум автомобили беа згмечени при уривањето на мостот врз градскиот автопатот со шест ленти, соопшти противпожарната служба.