Ѓорге Иванов во некоја прилика на странска делегација почнал во свој стил да ѝ објаснува дека земјите од Балканот одат во добра насока бидејќи за нивни претседатели биле избрани само доктори на науки. Тоа било доказ дека Балканските земји се раководат од тнр. smart power (умна моќ).Споменал дека во таа умна моќ во тоа време спаѓаат тој, д-р Георги Прванов д-р Борис Тадиќ и други.
Некој од делегацијата за да ја доведе до апсурд неговата теза ги прашал: А дали во таа умна моќ на Балканот спаѓаат и д-р Војислав Шешељ, д-р Радован Караџиќ и многу други такви како нив?
Се сетив на ова откако видов дека на нашата „умна моќ” во Македонија во која Иванов себе се вбројува, а секако ги вбројува и д-р Драган Павловиќ-Латас, д-р Јанко Бачев и многу други како нив им се приклучи вчера и д-р Никола Груевски.
Кој сѐ станува доктор на науки во Македонија и на кого сѐ новинарите во ТВ дебатите му се обраќаат со професере веќе станува срамно и деградирачко за вистинските луѓе од науката и вистинските универзитетски професори.
Мора нешто на тој план да се направи.
Гордана Јанкуловска докторира на тема борба против криминалот, а и се суди за направен криминал. Груевски добива докторска титула на тема како се развива успешна економија а му се суди за корупција и уништување на економијата.
Па има ли тоа крај? Или едното со другото нема врска?
(ФБ статус на авторот)