Министерството за правда во следните три месеци треба да состави предлог-спогодба за паричен надоместок за 11 жители на кумановското село Сопот, за кој, со докази пред суд, после речиси 15 години, се докажа дека незаконски биле обвинети и минале години во затвор само затоа што лажно, од неколкумина агенти на УБК, од засега само за агентите познати причини, биле уапсени. Станува збор за луѓе кои се земјоделци, кои Обвинителството ги обвини дека се терористи.
Откако вчера и официјално Специјалното јавно обвинителство со име и презиме ги лоцираше агентите на УБК и обвинителот кој го работел овој монтиран случај, Министерството за правда не смее да дозволи граѓаните на Македонија и државниот буџет, како во социјализмот, „солидарно“ да ја преземат одговорноста за штетата, туку треба јасно да ги лоцира одговорните кој го „создал“ овој предмет и тие да им ја надоместат штетата на сега веќе слободните граѓани.
СЈО, предводено од Катица Јанева, вчера, после судското рочиште, потврди дека веќе е започната нова истрага за овој случај, но јасно било дека докази за 11 селани од Сопот немало. Обвинителот Бурим Рустеми рече дека единствениот доказ на кој им се заснова пресудата е сведочењето на Бајрам Рамадани, кој исказот го дал под присила. Рустеми тврди дека кривичното дело тероризам не може да се поврзе со обвинетите.
Дека овој процес е монтиран и ги надминал надлежностите на полицијата беше неодамна потврдено и од парламентарната комисија за ова прашање, а за невиноста на жителите сведочеше и поранешниот амбасадор во НАТО, Николас Бигман.
целиот текст читајте го на Судство.мк