Од 28 март 2018, заедно со печатеното издание на „Слободен печат“ излегуваат нови прилози, секој на 16 страници и тоа „Здравје“ и „Дом“, а секој петок излегува и прилог „ТВ Програма“ на 8 страници.
Нашите читатели секоја среда ќе читаат актуелни информации од областа на здравјето, а секој петок ќе можат да најдат практични совети за уредување на домот. Секој петок, како бонус, излегува и прилогот со неделна ТВ-програма на 8 страници, заедно со кратки рецензии на актуелни филмови, ТВ-серии и други содржини од истата област.
На 16 страници, печатени на квалитетна илустративна хартија, на нашите читатели им нудиме многу нови содржини, интервјуа, теми, актуелни информации, практични совети и корисни четива.
Исто така, секој последен четврток во месецот, со секој примерок на „Слободен печат“ излегува и додатокот „Филм+“.
Ова се сите новости за нашите читатели, а она што е најдобро е што цената останува иста.
Почитувани читатели, за вашите пари добивате повеќе! Заслужено!