Реномирани професори на Инситутот по социологија на Филозофскиот факултет во Скопје реагираат дека на 6 март годинава на скандалозна седница во присуство само на петмина професори од вкупно 10 со фалсификуван записник избран е нов раководител на овој Институт.
Случајот е пријавен и во Државниот Управен инспекторат и до Ректоратот на скопскиот универзитет, каде што професорите поднеле преставки во очекување дека вистината ќе исплива на површина и соодветно ќе биде санкциониран, како што велат, нелегалниот избор на професорката Марија Дракуловска Чукалевска за раководителка на Институтот по социологија, иако добила поддршка само од петмина нејзини колеги на седница без кворум.
За овој скандалозен избор Плусинфо побара реакција и од деканот Ратко Дуев кој и покрај преставката на неговите колеги професори за која допрва треба да одлучува Управниот инспекторат, тој вчера го прифатил предлогот за новата раководителка. Деканот Дуев во разговор за Плусинфо тврди дека нема овластување да врши упад и да решава за работата на в.д. раководителот и колегиумот на Институтот за социологија. Тој ги отфрли и обвинувањата дека застанал на страна на петмината професори кои го фалсификувале записникот и на седница без кворум избрале раководител.
Продеканката Аница Драговиќ ни рече дека не е запознаена со случајот, иако професорите тврдат дека во фалсификуваниот записник стои нејзиното име, што се толкува дека присуствувала на седницата на која се бирал новиот раководител, по истекот на мандатот на досегашниот в.д раковидител Илија Ацевски.
Професорите револтирани поради непочитувањето на процедурата, односно на правилникот за избор на новото раководство, тврдат дека токму вршителот на должноста Илија Ацевски и кумувал на целата ујдурма што се случила минатиот вторник на скопскиот Институт по социологија. Нивната реакција и загриженост за случувањата на Институт по социологија е поттикната со намера да го сочуваат, како што вели професорот Ило Трајковски, дигнинетот на нивната професија и на Инситутот кој треба да се развива во позитивна насока, а не да носи терет на нелегални активности, а камоли фалсификати.
– На скалндалозната седница во вторникот учествуваа само петмина (што може да се види од листата на присутни) професори во чие присуство бил извршен изборот на новиот раководител на Институтот. Јас не бев во состојба да присуствувам зошто во терминот во кој беше закажана седницата во 12 часот имав часови. За тоа навремно ги известив колегите и и координаторот и побарав да седницата да се помести за еден час за да може да се оджри со сите присутни. Моето барање беше игнорирано, како и барањето на уште тројца колеги кои не се согласиле да присуствуваат на седницата на која Институтот не е во комплетен состав – вели професорот Ило Трајковски и додава дека на денот на скандалозната седница од здравствени интервенции имало уште едно највено задоцнување кое исто така не е земено предвид така што новата раководителка на Институтот била изгласана без кворум, само од петмина присутни.
Професорот Трајковски вели дека скандалозно е фалсификување на записникот во кој пишувало дека на седницата присуствувале деветмина, а не пет професори. Изигрувањето на правилникот на Институтот и фалсификувањето на записникот се пријавени кај надлежниот Управен инспекторат, а се чека мислење и од Ректоратот на УКИМ.
И покрај ваквите укажувања (писмено и усно) од петтетмина професори дека тие не учествувале на седницата и во гласањето и дека в.д. раководителот му поднел лажен и фалсификуван нацрт записник деканот на Филозофски факутлет го прифаќа предлогот и за раководител ја именува професорката д-р Марија Дракуловска Чукалевска.
Во Управниот инспекторат денеска за Плусинфо потврдија дека е стасана преставка од петтмина професори од Инситутот посоциологија, но не прецизираа во која фаза е одучувањето по преставката, ниту кога ќе има конечна одлука. Во инспекторатот ветија дека дополнителни информации за конкретниот случај ќе даде директорката Фаница Николоска.