СЈО открило дека „Скопје 2014“ има повеќе „креатори“

Не сме стигнале до сума од 700 милиони евра како што наведуваат некои медиуми, истакна Јанева, додавајќи дека не може да каже ништо повеќе за да не ја компромитира истрагата. 

2883
20130531 Friday 1112 Skopje teatar otvaranje SK14 nikola gruevski

Специјалната обвинителка Катица Јанева вечерва соопшти дека предистражната постапка за „Скопје 2014“ е во тек. Се спроведува финансиска истрага која треба да покаже каде се одлеале парите наменети за проектот.

Во „24 Анализа“ Јанева рече дека за еден до три месеци е можно СЈО да излезе со детали во јавноста околу постапката.

На прашањето дали зад „Скопје 2014“ стои еден човек или се повеќе, обвинителката одговори дека станува збор за „креатори“.

– Има предистрага. Предмет на анализа се јавните набавки, како се правени нарачките. Сакаме да видиме дали има перење пари, а патот на парите го гледаме во тоа како се одлеани во туѓи џебови. Не сме стигнале до сума од 700 милиони евра како што наведуваат некои медиуми – истакна Јанева, додавајќи дека не може да каже ништо повеќе за да не ја компромитира истрагата.

Таа во вечерашното интервју на телевизија 24 рече дека СЈО има отворено 130 предистражни постапки, меѓу кои и за загинувањето на Никола Младенов, за телевизија А1…

– Предметот за А1 е во предистражна постапка. Судењето беше обемно, мора се да се изанализира. Ќе има јавно обраќање кога ќе се исдискутира. Има разговори за А1, воспоставена е надлежност и ние го работиме предметот. Имаме преистражна постапка за Никола Младенов. Го работи тим од истражители. Повеќе информации не можам да откријам – рече Јанева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...