Специјалната јавна обивнителка Катица Јанева денеска потврди дека СЈО ги замрзнало имотите на двата сина на поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.
Како што е познато во јавноста, СДСМ во 2014 година објави документи за двата стана кои им припаѓаат на синовите на пратеничката Силвана Бонева, а кои таа не ги пријавила во Антикорупциската комисија. Пратеничката Бонева тврдеше дека таа воопшто немала обврска да ги пријави становите затоа што не биле нејзини туку на нејзините синови. Станува збор за стан од 109 квадрати во центарот на Скопје на име на нејзиниот син Орце Бонев, со пазарна вредност од околу 180 илјади евра, и ист таков стан на име на вториот син на Бонева, Гоце Бонев. Двата стана се на улица Димче Мирчев број 20.