Сите прашања што сакаат да ја попречат иднината на ФЕНИ

Најважното прашање е, зошто кога од некого, во случајот ГСОЛ, е понудено реално и трајно решение, некој упорно работи против тоа и против иднината на ФЕНИ.

711

Се плетат многу прашања и нејаснотии околу ФЕНИ, а позади секое прашање на крајот стои Кунико Росорсис, поранешниот сопственик на ФЕНИ.

ФЕНИ се врати во производство а транспортерите повторно се на протести, одбивајќи ја понудата за инстант уплата на 70 отсто од побарувањата од Нова Логистик и остатокот во период од 12 месеци. Зошто транспортерите и понатаму протестираат и не сакаат да ги добијат парите а згора на тоа и го попречуваат работењето на ФЕНИ?

Во целата какофонија од неодговорени прашања е и прашањето зошто и за чии интереси Нова Логистик манипулира со транспортерите? Одговорот е во релацијата што Нова Логистик ја има со Кунико. Долгот од страна на Нова Логистик кон транспортерите е направен од групацијата Кунико, како тогашен сопственик на ФЕНИ Индустри. Нова Логистик која има побарување од ФЕНИ Индустри, има право на наплата на долгот по усвојувањето на планот за реорганизација и завршување на стечајната постапка, исто како и сите други доверители. Но и покрај ова, ГСОЛ, само за да ги обештети предвреме транспортерите ѝ понуди опција на Нова Логистик за откуп на нејзиниот имот и побарувања.

Вработените на ФЕНИ, кои конечно гледаат излез за себе, велат дека транспортерите се под влијание и манипулирани од поранешниот менаџер на ФЕНИ, кој бара од нив да ја бојкотираат работата на ФЕНИ. За возврат, велат моментално вработени во ФЕНИ, Кунико Рисорсис им ветува дека друга бугарска компанија, Минстрој би бил конечниот сопственик на комбинатот и тие ќе бидат повластени. За потсетување, Кунико сакаше ФЕНИ да ја продаде на бугарскиот Енекод, компанија што не даде гаранции дека ќе ги исплати долговите и затоа беше отфрлена од банките доверители.

Уште едно прашање е зошто и од каде Минстрој влегува во игра? Минстрој нема рудник за репроматеријали, а тоа значи дека ја нема основата за да го преземе ФЕНИ а добро упатени вработени велат дека набавката на руда ќе биде од рудници во Гватемала, во сопственост на Кунико Рисорсис.

И на крај, каква иднина може да се очекува за ФЕНИ, вработените, транспортерите и целиот кавадаречки регион од компанија што е одговорна за лошата состојба во комбинатот, која се обидува да ги бојкотира работењето и компанија што случајот го однесе на меѓународна арбитража иако се знае дека овие случаи траат со години.

Најважното прашање е, зошто кога од некого, во случајот ГСОЛ, е понудено реално и трајно решение, некој упорно работи против тоа и против иднината на ФЕНИ.

А сепак, денеска после 6 месеци молк во производството, ФЕНИ четврт ден работи и произведува и може да има иднина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...