Сите „копилиња“ утре пред Влада, протест на новинарите

1872
20151214 Monday sobranie anketna komisija svedoci soslusuvane nikola gruevski mediumi nadvor izbrkani brkani

Нивинарите утре ќе протестираат пред владата во одбрана на правната држава,слободата на говорот и физичкиот интегритет на новинарите.

Повод за протестот се заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, од страна на висок партиски функционер на коалициониот партнер во владата, ДУИ, Бекир Асани.

„Ќе побараме од Владата на  дело да покаже дека се залага за функионирање на секој сегмент на правната држава, особено кога во прашање е слободата на говор и физичкиот интегритет на новинарите“, наведуваат во повикот од Синдикатот на новинари.

Контроверзниот Асани ужива углед на недопирливост и неказнивост, а неговите последни навреди и закани упатени кон Селмани  имаат цел да ги заплашат  сите новинари.

„Ова не е само протест за поддршка на колегата Насер Селмани кој е изложен на сериозни закани и притисок, туку и порака до сите граѓаните кои се загрижени за окрепнувањето и чувањето на темелните вредности на правната држава како слободата на говор и владеењето на правото. СИТЕ КОПИЛИЊА НА ПЛАДНЕ ПРЕД ВЛАДА!“, стои во повикот до новинарите.

Протесто започнува во 11 часот пред ЗНМ, а потоа ќе продолжи пред зградата на Владат во 12 часот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...