Синот на Доналд Трамп се разведува

1193

Повозрасниот син на американскиот претседател Доналд Трамп – Доналд Трамп Помладиот се разведува од својата сопруга Ванеса, со која се ожени во ноември 2005 година. Тие имаат пет деца на возраст од 3 до 10 години, соопшти „Организацијата на Трамп”.

„По 12 години брак решивме да се разделиме. Секогаш ќе имаме голема почит еден кон друг и кон нашите семејства. Имаме пет прекрасни деца и тие остануваат наш приоритет“, се вели во заедничкото соопштение на партнерите, кои имаат по околу 40 години.

Ванеса, со моминско презиме Хејден, вчера поднела судска молба за „разделба со заемна согласност“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...