Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изјави дека разликата на дербито со Барселона ја направи Лионел Меси. Првата ѕвезда на каталонскиот клуб го постигна единствениот гол и обезбеди три бода за својот тим.
– Нормално е Барселона да не загуби четири или пет натпревари. Знаеме дека разликата не е толку голема. Ако Меси играше за Атлетико, тогаш ние ќе победевме со 1:0. Во второто полувреме, беше забележано дека двата тима беа рамноправни, разликата меѓу нив беше Меси. Тој е поинаков играч, рече Симеоне.
По триумфот над Атлетико, Барселона се зацврсти на врвот во Примера со 69 бода, осум повеќе од вчерашниот ривал и 15 од актуелниот првак Реал Мадрид.