Поранешниот плјебој модел Карен МекДугал со интервју за CNN раскажа како се одвивала нејзината 10-месечна афера со Доналд Трамп. Аферата започнала кратко време откако Меланија го родила единственото дете со Доналд, синот Барон.
47-годишната Карен работела како Плејбој модел кога се запознала со Трамп. Откако извесно време одржувале контакт преку телефон, се сретнале за вечера во хотел. Уште на првата средба имале сексуални односи. На крајот на вечерта, таа раскажа дека била разочарана што Трамп ѝ понудил пари.
– Откако бевме интимни, тој се обиде да ми плати… Го погледнав и му реков: Тоа не сум јас. Не сум таква девојка. Ме повреди што тој ме гледаше во такво светло – вели таа во интервјуто.
Врската на Доналд и Карен продолжила до април 2007 година.
– Кога гледам наназад, знам дека беше погрешно. Навистина ми е жал за тоа. Но, во тоа време бев друга девојка, се забавував, бев на Плејбој сцената, уживав во животот колку што можев повеќе и кога започнав да се гледам со него, имавме вистинска врска, имавме вистински чувства… Длабоко во себе, имав голема вина, но сепак продолжив – изјави таа и потенцира дека биле вљубени еден во друг.
На прашањето дали некогаш разговарале за Меланија и Барон, таа одговори:
– Јас никогаш не зборував за неговата жена. Тој еднаш ја спомна, тоа е единствениот пат на кој се сеќавам, кога рече дека таа е интелигентна жена и дека знае 4 или 5 јазици. Но, освен тоа, тој никогаш не зборуваше за неговата жена и јас никогаш не ја започнував таа тема. Очигледно има причина зошто јас не ја спомнував – зашто се чувствував виновна… Единственото нешто што тој го рече за неговиот син е: „Нели името Барон е убаво име?“ и јас реков „Да, е“, го прашав како го избрале и тој ми кажа.
Наводно, Карен ставила крај на аферата, затоа што се чувствувала виновна што има врска со женет маж.
Кога новинарот Андерсон Купер ја праша Карен што би ѝ кажала на Меланија, таа одговори:
– Што може да кажам, освен, извини, извини, не би сакала некој да ми го направи мене, извини.