Штитеник со посебни потреби исчезнал од Домот за рехабилитација

87

Дваесет и петгодишен штитеник со посебни потреби вчера исчезнал од Домот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје.

Случајот во полиција вчера го пријавил воспитувач од Домот кој изјавил дека штитеникот Д.Б. исчезнал истиот ден околу 18 часот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...