Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси кој често пати е критикуван од домашната јавност за настапите во националниот дрес, вчера не беше во составот кој го претрпи еден од најтешките порази во историјата.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид и шпанската репрезентација Диего Коста беше стрелец на првиот гол. Тој им порача на навивачите на Аргентина да се грижат за Меси, а не да го критикуваат.
– Во Аргентина често пати го критикуваат Меси. Денес тие имаа можност да увидат колку тој значи за тимот и како изгледа репрезентацијата без него, изјави Коста.
Аргентина загуби од Шпанија со 6:1, третпат во историјата со таков пораз и петти пат со пет голови разлика.