Шилегов ќе отвори конкурс за дизајн на корпа за отпадоци и заштитно столпче (ВИДЕО)

109

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска соопшти дека Градот наскоро ќе отвори конкурс за идејно решение за дизајн на урбана опрема.

– Сакам да ја информирам целокупната јавност, вклучително и студентите од областа на архитектурата од сите релевантни факултети во Скопје, дека Градот Скопје во многу блиска иднина ќе распише конкурс за избор на идејно решение – дизајн на урбана опрема за потребите на Градот. Идејното решение кое му е потребно на Скопје опфаќа дизајн на клупа, корпа за отпадоци и заштитно столпче што ќе се постават на јавни простори пред училишта, студентски домови, факултети, плоштади, како и на булевари, магистрални и собирни улици кои се во надлежност на Градот. Во нашата заложба за одржлив урбан развој на Скопје, влегуваме силно, посветено и транспарентно, за да создадеме услови за унапредување на функционалноста и употребата на јавниот простор. На градот да му дадеме еден поинаков модерен лик кој ќе се издигне над архитектонските и естетски обременувања што нашето Скопје ги доживуваше во минатото. Имајќи предвид дека Градот Скопје го гледам како град за сите нас, сакам да потенцирам дека претстојниот конкурс ги отвора можностите и за искусните и за почетниците, за возрасните и за младите, за сите чинители коишто можат, умеат и сакаат да придонесат да живееме во инспиративно и креативно заедничко Скопје – рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната презентација на конкурсот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...