Шест лица се приведени во акција што од 20 до 23 овој месец ја спроведе Отсекот за криминалистичка полиција при СВР – Охрид.
Станува збор за мерки што полицијата ги спроведува во насока на пронаоѓање лица кои вршат недозволено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Во рамки на акцијата, по претходна наредба од Судија на претходна постапка, извршени биле повеќе претреси во домови и други простории, во патнички автомобили, како и прегледи на лица. Притоа биле пронајдени и одземени се околу 60 грама опојна дрога марихуана, 10 грама хероин, 21 грама амфетамин, 10 грама спид, 10 куршуми и еден револвер.
Предметите се одземени и предадени на вештачење во МВР.