Шеесет шлепери осум часа се заглавени на терминалот кај Деве Баир

Терминалот не е исчистен од снежните врнежи и најверојатно ќе останат заглавени до рано наутро бидејќи се најавуваат нови снежни врнежи. 

779

Група од околу 60 возачи на шлепери се заглавени осум часа на граничниот терминал Ѓуешево на македонско-бугарската граница.

Како што изјавуваат превозниците, терминалот не е исчистен од снежните врнежи и најверојатно ќе останат заглавени до рано наутро бидејќи се најавуваат нови снежни врнежи. Апелираат надлежните служби да се вклучат во решавање на проблемот бидејќи, како што посочуваат, се ограничени со работни часови коишто можат да ги поминат возејќи.

Возилата кои минуваат на терминалот од Македонија кон Бугарија се движат непречено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...