Рускиот амбасадор во Република Македонија Олег Шчербак на прес-конференцијата рече дека тие остануваат на ставот оти нашата земја не треба да стане дел од НАТО. Тоа, рече тој, нема да и придонесе кон поголема безбедност и сигурност, а предупреди и дека Македонија би можела да стане цел при возвратен удар од Русија кон Алијансата.
– Во случај на агресија од НАТО кон Русија, ако Македонија е дел од НАТО таа ќе иде легитимна цел при возвратен напад од Русија – рече амбасадорот.
Шчербак рече и дека земјите околу Македонија се дел од Алијансата односно дека сме опкружени со НАТО-членки и во таква ситуација, праша тој, кој би можел да ја нападне државата, самото НАТО или можеби вонземјани.