Шарлиз Терон: Мајка ми ме снабдува со марихуана

1288
ФОТО: EPA/ANDREW GOMBERT
ФОТО: EPA/ANDREW GOMBERT

Актерката Шарлиз Терон, промовирајќи го новиот филм „Гринго“, во кој глуми шефица на компанија што произведува пилули од медицинска марихуана, откри дека токмму со марихуана го решавала проблемот со несоница, а дека главен „дилер“ и е нејзината мајка.

– Треба да се проба се, само еднаш се живее зарем не? Отсекогаш лошо спијам, како и мојата мајка. Земавме лекови, но во еден момент одлучивме да пробаме со алтернативни методи – раскажала Терон во шоуто на Џими Кимел, додавајќи дека еден ден мајка и дошла кај неа со производи со различни вкусови, што ги набавила во продавница за марихуана.

Актерката објаснила дека тој гест на мајка и за неа бил чуден, но дека сепак тоа функционира.

– Но, заборавете, не можете да го добиете мојот дилер, таа е само моја – се шегува Терон.

Шарлиз пред неколку години и пушела марихуана, но престанала кога еден ден сфатила дека осум часа стои како замрзната пред фрижидерот.

ФОТО: EPA/ANDREW GOMBERT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...