Петкратната гренд-слем шампионка Марија Шарапова повторно им даде причина за грижа на фановите кои сметаат дека нејзината иднина е неизвесна откако се повлече од Мајами опен следната недела поради повреда на раката.
Русинката помина тешки неколку недели по поразот во првото коло во Индијан Велс од Наоми Осака, по што ја прекина долгогодишната соработка со тренерот Свен Греневелд. Причината за повлекувањето од Мајами е враќање на старата повреда на левата надлактица.
– Навистина ми е жал што не можам да играм во Мајами бидејќи тоа е еден од моите омилени турнири, но ќе направам сѐ да се вратам што е можно побргу – вели Шарапова.
30-годишната Русинка имаше повеќе повреди во својата кариера, и ова е уште еден удар по 15-месечната допинг-суспензија за позитивен тест на мелдониум. Таа се врати минатата пролет, но не успеа да се врати во најдобра форма. Директорот на турнирот, поранешниот тенисер Џејмс Блејк, вели дека сочувствува во Шарапова.
– Знам колку Марија сакаше да игра оваа година, така што можам да замислам колку е разочарана. Едвај чекав да ја гледам в среда, меѓутоа повредите се дел од овој спорт – вели Блејк.
Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO