Кристина Петрушевска, ќерка бранителот Предраг Петрушевски – Бинго, попладнево на Фејсбук објави дека нејзиниот татко втор ден е изчезнат.
„Од вчера (08.03) 09:15 часот му се губи секаков траг. Претпоставуваме дека е со автомобилот( пежо 406 сиво, KU 1998 AC).
Телефонот му е дома. Облечен е во црна кожна јакна и фармерки.
Ако некој го види или го има видено нека се јави на 077/516-543 или нека ми пише на профилот. Пријавено е во полиција“, пишува ќерката на Бинго.
И од МВР потврдија дека Предраг Петрушевски е пријавен за исчезнат во текот на денешниот ден од член на семејството.
Петрушевски во декември 2014 година беше недостапен на мобилен за неговото семејство, беше пријавен за исчезнат, но набрзо беше најден во неговата викендичка.